НАДВОРЕШНИ МОЌНИ СИЛИ МУ ПРАВАТ ВЛАДА НА ЗАЕВ, ВЕЛИ ГРУЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    НАДВОРЕШНИ МОЌНИ СИЛИ МУ ПРАВАТ ВЛАДА НА ЗАЕВ, ВЕЛИ ГРУЕВСКИ

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на Фејсбук напиша дека ДУИ под надворешен притисок ги дал потписите за состав на нова влада на СДСМ. Груевски, кој истите тези од фејсбук статусот еден час подоцна ги повтори на интервју во вестите на Сител ТВ, вели дека „принципот на коалицирање ‘победник со победник’ со потегот на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска да коалицира со победникот“.

    „Оваа влада е направена под жесток надворешен притисок кон ДУИ, во кој многумина учествуваат, а најактивен е еден амбасадор. Ова е операција во голема мерка поддржана од Сорос. Голем дел од финансиите и логистиката се од него. Но освен тој и некои надворешни моќни центри, значајна улога играат домашните соработници, тргнувајки од Зоран Заев па надолу“, вели Груевски  и додава дека дека „ако се изгласа оваа влада, таа ќе биде влада на еден амбасадор“.

    „Потоа тој ќе пристапи и судот да биде негов суд. Тој всушност подолго време работи на тоа. Обвинителство веќе си има. Поданици, НВО и платеници во значаен број. Си има и раководства на партии. Но и тој нема да е вечен амбасадор и тој е со ограничен мандат“, вели Груевски.

    Груевски исто така вели дека „ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси.“

    „Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда“, вели Груевски.

    За изборната кампања на СДСМ вели дека „биле потрошени многу странски црни пари, а се трошат и сега“.

    „Цели тимови се ангажирани да влијаат и да ги доведат во заблуда граѓаните. Имаат под своја контрола многу медиуми, многу поединци платеници во форма на аналитичари, интелектуалци, колумнисти, новинари, платени протестирачи, крупни бизнисмени, судии, едно цело обвинителство, политички партии, НВО и млади заведени и индоктринирани луѓе на кои со години со предавања и со пари им го перат мозокот по разни семинари и сл. и се разбира многу пари. Ако народот остане рамнодушен, ќе ја превземат државата, комплетно ќе ја редефинираат и ќе управуваат со тој народ“, вели Груевски.

    Тој исто така додава дека основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира