КУКАВИЧКИ Е ГРУЕВСКИ ДА ГИ КОРИСТИ МЛАДИТЕ ЗА ВАЛКАНИ РАБОТИ, ЈА ОСУДИ ЗНМ КАМПАЊАТА ЗА ЗАСТРАШУВАЊЕ НОВИНАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУКАВИЧКИ Е ГРУЕВСКИ ДА ГИ КОРИСТИ МЛАДИТЕ ЗА ВАЛКАНИ РАБОТИ, ЈА ОСУДИ ЗНМ КАМПАЊАТА ЗА ЗАСТРАШУВАЊЕ НОВИНАРИ

     

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осуди кампањата на застрашување и понижување на новинари, што изминативе денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица и смета дека тие се „инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој минатата недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците“.

    „Кукавички е Груевски да ги инструментализира младите за извршување на валканите работи изложувајќи ги нив и нивните семејства на ризик за неговите политички интереси. Вчерашната примитивна провокација кон новинарот Борјан Јовановски кој беше исплукан во ресторан, и вознемирувањето во семејниот дом на новинарот Бранко Тричковски, е директен напад врз слободата на изразување. Предупредуваме дека ваквите провокации можат да ескалираат во физичко насилство врз новинарите со несогледливи последици. Незамисливо е во 21 век во Македонија новинарите да бидат изложени на притисок и малтеретирање за јавно искажан став“, соопшти ЗНМ и смета дека оваа срамна кампања има за цел да ги заплаши и замолчи новинарите и останатите граѓани и сите неистомисленици на власта.

    Вербалните напади и врз Јовановски и врз Тричковски беа изведени од тинејџери, снимени на видео и пуштени на социјалните мрежи каде се споделуваат од приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Груевски добро знае дека само неинформирани граѓани можат да бидат лесно манипулирани и вовлечени во конфликт. Го повикуваме Груевски да престане со ширење на говор на омраза што поттикнува насилство и да ги вразуми и смири неговите следбеници. Овој повик се однесува и на сите политичари и јавни личности да се воздржат од ваков воинствен реченик“, вели ЗНМ.

    Во соопштението ЗНМ апелира да сите новинари и медиуми да известуваат професионално и „да не долеваат масло на огнот“,  зашто амо на тој начин ќе помогнат да се смират тензиите.

    По нападот на новинарската екипа на порталот А1он во вторникот пред завршувањето на протестот организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, по кој новинарот и снимателот завршија во болница, полицијата привела на информативен разговор 12 лица. Но, МВР не соопшти дали напаѓачите се откриени.

    Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, почнаа во вторникот, еден ден по фејсбук статусот и интервјуто на Телевизија Сител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој не успеа да формира влада со ДУИ оти беше против продолжување на мандатот на СЈО. Во интервјуто Груевски порача дека државата е нападната и само народот може да ја одбрани. На маршот учествуваат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и директори на државни институции. Иницијативата беше промовирана од директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски и пијанистката и амбасадор на културата во Австрија Елена Мисиркова Лоза. Според организаторите, овие маршеви се организираат за, како што велат, одбрана на унитарна и заедничка Македонија, а против владина коалиција на СДСМ и ДУИ, како и за неприфаќање на албанската платформа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира