ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ ОД БЛИСКО ЛИЦЕ ЛАНИ ИЗРЕЧЕНИ ДВЕ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ОД ПО 14 И 15 ГОДИНИ ВО СУДОТ ВО КАВАДАРЦИ

    ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ ОД БЛИСКО ЛИЦЕ ЛАНИ ИЗРЕЧЕНИ ДВЕ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ОД ПО 14 И 15 ГОДИНИ ВО СУДОТ ВО КАВАДАРЦИАпелација Скопје ги потврдила првостепените одлуки и и двете казни се правосилни, вели Основниот суд Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд Кавадарци лани се изречени две затворски казни за кривичното дело Силување на дете кое не наполнило 15 години. Во двата случаи обвинетите биле блиски лица на децата-жртви и на возраст над 70 години.

    Според образложението во пресудите, во првата казна 72-годишен жител од Демир Капија доби 14 години затвор откако го признал делото, па е прогласен за виновен. Тој летото 2024 во неколку наврати силувал 12-годишно девојче со лесна интелектуална попреченост, искористувајќи го пријателството и близината со нејзиниот татко, по што ѝ давал по 400-500 денари.

    Во втората казна, 73-годишник доби затвор од 15 години, за силување на 6-годишната внука. Тој летото 2024 го силувал детето, а кога тоа плачело му се заканувал со зборовите „Прекини да не чуе никој, зашто ќе те изнашлапам“. Случајот е откриен откако во септември 2024, детето-жртва направило дома хаос, почнало да плаче, вика, вришти, протестирајќи за тоа што требало да остане дома само со обвинетиот. Тој се бранел дека ништо од тоа не е точно, туку тоа било сценарио на снаата.

    Oд Основниот суд Кавадарци рекоа дека и двете казни се правосилни, првата од 7 април 2025, а втората од 13 октомври 2025. Апелација Скопје ги потврдила првостепените одлуки.

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци од почетокот на годинава води две истраги за кривичното дело Силување на дете кое не наполнило 15 години. Едната е за 57-годишник од Неготино кој лани во јули имал сексуални односи со малолетник за што му давал пари. Другата е за четири лица од неготинско село, на 40, 26, 22 и 20 години, кои силувале 13-годишно дете во февруари лани.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира