ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН НЕ ПОРАДИ ШТРАЈК ТУКУ ПОРАДИ ДЕФЕКТ

    ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН НЕ ПОРАДИ ШТРАЈК ТУКУ ПОРАДИ ДЕФЕКТУтринските возови тргнале од Скопје, но се појавил дефект поради кој од скопската Железничка станица не знаат кога ќе продолжи железничкиот сообраќај (Фото: СДК.МК)

    Железничкиот сообраќај повторно е во прекин, но овој пат не поради штрајк, туку поради дефект. Утринските возови тргнале, но се појавил дефект поради кој од скопската Железничка станица не знаат кога ќе продолжи железничкиот сообраќај.

    „Моментално сообраќајот е во прекин. Ни јавија за некаков дефект во гаража, не знаеме за што точно се работи. Немаме информации кога ќе биде отстранет дефектот за да може да продолжи сообраќајот“, велат од скопската Железничка станица.

    Портпаролот на МЖ„Транспорт“ е недостапен да објасни за каков дефект се работи. Во февруари, Македонски железници на две недели целосно го сопре железничкиот сообраќај поради неисплатени плати. Возовите продолжија да возат откако на вработените им беа исплатени половина од платите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира