СТОКОВНАТА КУЌА СЕ ИЗВИНИ ОТИ САКАЛА СО ПОПУСТ ДА ЈА ПРОДАВА ОШТЕТЕНАТА СТОКА ОД НАПАДОТ ВО СТОКХОЛМ

    СТОКОВНАТА КУЌА СЕ ИЗВИНИ ОТИ САКАЛА СО ПОПУСТ ДА ЈА ПРОДАВА ОШТЕТЕНАТА СТОКА ОД НАПАДОТ ВО СТОКХОЛМСтоковна куќа „Ахленс“ се извини „за лошата одлука“ и соопшти дека ќе отвори утре „без оштетена стока“ (Фото: АП)

     

    Шведската стоковна куќа во Стокхолм во која што во петокот удри украден камион со пиво, при што четири лица загинаа, а 15 се повредени, денеска изјави дека жали за најавата оти ќе отвори два дена по смртоносниот напад за да ја продава оштетена стока по „намалена цена“.

    Стоковна куќа „Ахленс“ се извини „за лошата одлука“ во соопштението на својата фејсбук страница. Рече дека најавата „се роди од идејата за опстојување на транспарентност и не дозволување на злите сили ја преземат контролата на нашите животи“.

    Продавницата соопшти дека ќе отвори утре „без оштетена стока“.

    Пожар изби во петокот попладне во продавницата, откако камион удри во влезот на пешачката улица Дротнингатан во Стокхолм, но брзо беше изгаснат. Полицијата уапси 39-годишен Узбекистанец и е убедена дека тој намерно го втурнал камионот во луѓето. Шведските медиуми објавија дека ноќеска имало полициски рации за да се сослушаат и други луѓе во истрагата за најкрвавиот напад во Стокхолм последниве години.

    Градските власти планираат да ги преселат илјадниците цвеќиња на блискиот плоштад, зашто ќе падне алуминиумската ограда пред стоковна куќа на која се оставаат. Оградата беше ставена да ги задржи луѓето подалеку од скршеното стакло и извитканиот метал на местото на нападот, и да им овозможи на експертите за судска медицина и полицијата да соберат докази.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира