АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ НЕЗАКОНСКИ ИМЕНУВАН ЗА АМБАСАДОР ВО БРИСЕЛ, ОБВИНИ ДИПЛОМАТСКИОТ СИНДИКАТ

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ НЕЗАКОНСКИ ИМЕНУВАН ЗА АМБАСАДОР ВО БРИСЕЛ, ОБВИНИ ДИПЛОМАТСКИОТ СИНДИКАТПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски лани во октомври доби агреман за вршење на амбасадорската функција. Но, Николовски не може да замине во Брисел, бидејќи Парламентот уште не е конституиран,а тој пред да замине на новата функција треба прво пред пратениците да ги брани амбасадорските тези; - од предизборниот митинг во Охрид (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дипломатскиот синдикат  го обвини министерот за надворешни работи Никола Попоски дека испраќањето на експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за македонски амбасадор во Брисел е направено надвор од пропишаната законска процедура. Синдикатот на дипломатите вели дека испраќањето на Николовски за амбасадор значи испраќање партиски активисти под плаштот на професионални дипломати да лобираат за „Владата во оставка“ или нелегитимното продолжено останување на власт од политичка партија која го изгуби мнозинството во Парламентот.

    „Најнов пример е подготовката на Александар Николоски за упатување на функцијата амбасадор на Република Македонија во Брисел и тоа ни помалку ни повеќе туку за шеф на македонската Мисија при ЕУ.  Со тоа, не само што се продолжува со привидот на ‘нормалност’, значи наводна легалност и легитимност, туку и се прекршува базичниот принцип на кредибилитет зацртан и во Виенската конвенција за дипломатски односи. Имено, се работи за нелегитимна власт која надвор од пропишаните процедура определува амбасадор и шеф на дипломатско претставништво“, се вели во соопштението на Дипломатскиот синдикат во МНР.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски во октомври минатата година доби агреман за вршење на амбасадорската функција. Но, Николоски не може да замине во Брисел, бидејќи Парламентот не е сè уште неконституиран. Николоски пред да замине на новата функција, треба прво во Парламентот да ги брани амбасадорските тези.

    Александар Николоски за амбасадор во Брисел доаѓа наместо Андреј Лепавцов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира