ЗОШТО ЦЕЛ ПРЕДМЕТ Е ИЗНЕСЕН ОД СУДОТ ПОРАДИ МОЈАТА КАЗНА, ПРАША ФЕТАИ

    ЗОШТО ЦЕЛ ПРЕДМЕТ Е ИЗНЕСЕН ОД СУДОТ ПОРАДИ МОЈАТА КАЗНА, ПРАША ФЕТАИСпецијалната обвинителка Фатиме Фетаи утринава пред Кривичниот суд за судењето за насилствата и шамарите во Центар. (Фото: СДК.МК)

    Специјалната обвинителката Фатиме Фетаи ја праша судијката Татјана Михајлова зошто поради жалбите за паричните казни против неа и нејзината шефица Катица Јанева, цел предмет е даден во Апелациониот суд Скопје, што беше причина пак да се одложи денешното рочиште за насилствата и шамарите во Центар. Не доби одговор од Михајлова.

    Фетаи се посомнева дека се работи за намерно одолговлекување на судењето. Потврда за тоа е, како што рече, фактот што денеска, за разлика од претходното рочиште, беа дојдени сите обвинети. Судијката Михајлова рече дека предметот по жалба на СЈО за казните на Фетаи и на Јанева е во Скопска апелација.

    Но, по проверката што ја направивме, во Врховниот суд ни потврдија дека предметот во моментов е во највисокот суд, поради нејаснотии околу тоа кој бил надлежен за жалбите, Кривичниот суд или Скопска апелација. Предметот бил примен на 14 јуни и од Врховниот суд велат дека брзо ќе постапата по него.

    Со овие компликации кои Фетаи ги нарече одлично координирана игра, темата денеска не беа насилствата во Центар, туку паричните казни на СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира