ИРИТАНТНИТЕ ПОРАКИ КОН ГРЦИЈА ГО ИСКОМПЛИЦИРАА СПОРОТ ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ДИМИТРОВ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ

    ИРИТАНТНИТЕ ПОРАКИ КОН ГРЦИЈА ГО ИСКОМПЛИЦИРАА СПОРОТ ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ДИМИТРОВ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕИако премиерот Заев најави дека до 2 август ќе се потпише договорот за добрососедство со Бугарија, Димитров рече дека тој нема да се потпише на тој датум, бидејќи Македонија заедно со Црна Гора е организатор на средбата на потпретседателот на САД Мајк Пенс, со членките на Јадранската повелба во Подгорица на 2 август.Комисија за надворешна политика во Парламентот (Фото:СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека новата влада отвара ново поглавје во надворешната политика со подобрување на односите со соседите и најави интензивирање на реформите за влез во НАТО и во ЕУ и ја повика опозицијата да соработува со власта.

    Пред собраниската Комисија за надворешна политика, министерот Димитров рече дека ситуацијата околу спорот за името ја искомплицирале иритантните пораки што подолго време се праќале кон Грција, а во однос на договорот со Бугарија, повтори дека кога договорот ќе биде подготвен ќе биде ставен на маса пред пратениците.

    „Еден од елементите што ја искомплицира ситуацијата се иритантите што непотребно ги внесовте во спорот за името со Грција. Иританти кои се користат како аргументи како обвинувања за иридентизам. Пример, сликања со знамето од Кутлеш на функционери, целиот проект на античка Македонија се користи како аргумент и во делот на надворешната политика. Како нација сме исправени пред еден тест, дали ни е поважна иднината на следната генерација или античката Македонија“, му одговори Димитров на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски.

    Попоски, кои е и поранешен министер за надворешни работи, рече дека иако новата влада вети дека ќе биде транспарентна, таа не работи транспарентно. Тој побара министерот Димитров да каже што е договорено во Софија.

    „Доколку Грција сакала, тоа ќе го направела и порано и зошто би ги сменила своите позиции со смена на власта. Не бевте доволно транспарентен за договорот со Бугарија за добрососедство и барам да дадете целосна информација за тоа што договорил премиерот Зоран Заев, по неговата изјава дека договорот за добрососедски односи е договорен во најголем дел и дека останува мал детал, кој требало да го договорат министрите за надворешни работи на кафе-муабет. Кој е тој мал детал?”, праша Попоски.

    Министерот Димитров на Попоски му одговори дека за тоа што поранешната влада пет години го преговарала со Бугарија, новата реформска влада има рок од месец дена, до 2 август.

    Иако премиерот Заев најави дека до 2 август ќе се потпише договорот за добрососедство со Бугарија, Димитров рече дека тој нема да се потпише на тој датум, бидејќи Македонија заедно со Црна Гора е организатор на средбата на потпретседателот на САД Мајк Пенс, со членките на Јадранската повелба во Подгорица на 2 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира