Министерот за здравство Арбен Таравари ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК лично министерот.
Според извори од партијата на Зијадин Села, по неуспешните преговори со БЕСА за заеднички да настапат на престојните локални избори, тие одлучиле во Гостивар да настапат самостојно, а нивен кандидат да биде Таравари.
„Најверојатно да, ќе се кандидирам за градоначалник на Гостивар, како кандидат на Алијансата. До почнување на предизборната кампања останувам во Министерството за здравство. За време на кампањата ќе земам две недели одмор, меѓутоа ќе одам во Министерството за да завршам неопходни работи“, изјави Таравари за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Е. БОЧВАРОСКА