МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД МОМЕНТ ШТО НЕ СЕ ИСПУШТА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

    МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД МОМЕНТ ШТО НЕ СЕ ИСПУШТА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТАКлучен тест пред нас се локалните избори, вели премиерот. - Зоран Заев на прославата пред владината зграда (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека Македонија има отворен пат за членство во ЕУ и НАТО, што е шанса што не смее да ја испушти, обраќајќи се вечерва на прославата на 8 Септември, Денот на независноста. Тој вели дека реална е можноста земјата да добие датум за преговори со Европската унија, исто како што се реални надежите да стане 30. членка на НАТО.

    „Сакам да укажам дека Република Македонија, а со тоа и сите ние како граѓани, сме пред момент што не се испушта и за кој што е неопходно да покажеме повторно зрелост. Сега имаме отворен пат за напредок преку подадените раце за членство во Европската унија и во НАТО од земјите пријатели на Македонија. Постојат реални можности Македонија да добие чиста препорака, а потоа и датум за преговори со Европската унија. Реални се надежите и дека Република Македонија може да биде 30. членка на НАТО“, изјави Заев на прославата пред Владата.

    Според Заев, клучен тест пред нас се локалните избори, коишто за првпат по 11 години, како што кажа, ќе ги организира и спроведе нова демократска влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира