ФИЛМОТ НА ТЕОНА МИТЕВСКА ИНСПИРИРАН ОД СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО ОД ПЕТОК В КИНО

    ФИЛМОТ НА ТЕОНА МИТЕВСКА ИНСПИРИРАН ОД СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО ОД ПЕТОК В КИНОСестрите Митевски во февруари, кога беше светската премиера на Берлинале, рекоа дека филмот е инспириран од масакрот кај Смилковско Езеро, но на фестивалската премиера во Битола Лабина рече дека не сакале да направат документарец за Смилковско туку сакале да ја прикажат загубената генерација на Македонија

    Филмот „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска ќе има официјална премиера в четврток (12 октомври), во 20 часот во скопското кино „Милениум“. Од петок ќе биде на редовен репертоар во „Милениум“ и во „Синеплекс“. Во „Синеплекс“ в петок, по проекцијата во 19.45 часот и на 17 октомври (вторник, по проекцијата во 19.30 часот) , публиката ќе може да разговара со актерите што ги толкуваат главните улоги, најави продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

    Сестрите Митевски во февруари, кога беше светската премиера на Берлинале, рекоа дека филмот е инспириран од масакрот кај Смилковско Езеро, но на македонската фестивалска премиера на „Браќа манаки“ во Битола Лабина рече дека не сакале да направат документарец за Смилковско, туку сакале да ја прикажат загубената генерација на Македонија.

    Косценаристка на Теона е Босанката Елма Татарагиќ, директорка на фотографија е Французинката Ањес Годар, а продуцентка е Лабина Митевска која и игра во филмот. Главните улоги ги шест млади непрофесионални актери, Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски и Иван Вртев Шоптрајанов.

    Филмот имаше светска премоера во февруари на Берлинале во програмата Панорама, а играл и на фестивалите во Софија, Лече, Линц, Сиднеј и Ерусалим. Во Македонија, фестивалска премиера имаше на 29 септември на „Браќа Манаки“ во Битола, а изминатиов викенд беше прикажан и на „Бела ноќ“ во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира