ЛОНДОН ГИ ОДАНОЧУВА СТАРИТЕ КОЛИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ

    ЛОНДОН ГИ ОДАНОЧУВА СТАРИТЕ КОЛИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТТ-такса, кратенка за „такса за токсични материи“ од 10 фунти, е втората такса за возачите во Лондон, по надоместот за метеж кој изнесува 11.5 фунти

    Лондон воведе нова дневна такса од 10 фунти за сите возачи кои влегуваат во градот со возила кои произведуваат гасови со висока количина на токсични материи, како мерка кон подобрување на кавалитетот на воздухот.  Т-такса, кратенка за „такса за токсични материи“ претежно се однесува на колите кои користат дизел или не се држат до европските стандарди за емисии на гас, усвоени во 2006.

    Градоначалникот на Лондон Садик Кан го иницираше овој чекор како одговор за потребата да се заштити здравјето на жителите на градот.

    „Како градоначалник на Лондон, јас сум одлучен да преземам итна акција за прочистување на смртоносниот воздух на градот. Бројката на неуспесите на јавното здравство е срамна, со илјадници предвремени смртни случаи како резултат на загадувањето на воздухот. Затоа, проблемот мора да се реши“, изјави Кан.

    Т-такса е вториот надомест за возачите во Лондон, по надоместот за метеж кој изнесува 11.5 фунти, воведен со цел да се намали сообраќајот, а притоа да се соберат приходи за новиот систем на јавен превоз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира