ОД ОБИЧЕН ДОЖД ПОПЛАВЕНИ СИТЕ МУЗЕИ И ТЕАТРИ, МИНИСТЕРОТ ВЕТИ ИТНА САНАЦИЈА

    ОД ОБИЧЕН ДОЖД ПОПЛАВЕНИ СИТЕ МУЗЕИ И ТЕАТРИ, МИНИСТЕРОТ ВЕТИ ИТНА САНАЦИЈАМузејот на Македонија е во лоша состојба која е последица на долгогодишната негрижа и несанирањето на последиците од ланскиот земјотрес и поројните дождови од март годинава (Фото: Министерство за култура)

    Драмскиот театар, Музејот на Македонија и Музејот на современа уметност се поплавени од дождот што врне изминативе два дена. Протекување на кровот и оштетувања од дождот има и во Театар комедија, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, Центарот за култура во Дебар, Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, Конзерваторскиот центар во Гостивар, Музејот „Западна Македонија во НОВ“ во Кичево, а во археолошкиот локалитет Стоби постои опасност од изливање на Црна Река, соопшти Министерството за култура, кое најави итна санација на оштетувањата.

    Поплавени се Музејот на Македонија, Музејот на современа уметност и Драмски театар (Фото: Министерство за култура)

    Министерот Роберт Алаѓозовски и заменик-министерот Владимир Лазовски денеска беа на увид за штетите во Драмскиот театар, Музејот на Македонија и Музејот на современа уметност, а констатирано е дека културните установи се соочуваат со сериозни последици од долгогодишна негрижа за условите во нив.

    Министертвото испратило и допис до сите национални установи да направат итен увид во состојбите на нивните објекти, и да предложат решенија за ургентна санација и за подолгорочни решенија за состојбите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира