Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го разреши досегашниот директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ и на негово место го постави Ардијан Муча. Авировиќ ни потврди дека од денеска веќе не е директор на претпријатието.
„Синоќа сум разрешен и го чекам во мојот кабинет да дојде новиот директор Ардијан Муча, да се изврши примопредавање на функцијата“, вели Авировиќ.
Авировиќ беше директор на ЈП „Паркови и зеленило“ осум години и беше назначен на оваа функција од ексградоначалникот Коце Трајановски. Тој е сопруг на пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија, која е координатор на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието.
Минатиот месец, градоначалникот Шилегов ги смени и директорите на ЈП „Водовод и канализација“, ЈСП „Скопје“ и „Улици и патишта“. Нов директор на „Водовод“ е Душко Весковски, на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков, а на „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ.
А. АНТЕВСКА