ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ РАЗГОВАРАВМЕ СО МИЦКОВСКИ, ТОА НЕ Е НАША НАДЛЕЖНОСТ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

    ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ РАЗГОВАРАВМЕ СО МИЦКОВСКИ, ТОА НЕ Е НАША НАДЛЕЖНОСТ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев очекува на седницата на Собранието утре да се појават и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, оти на дневен ред се пратенички прашања (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието, и покрај барањето на опозициската партија да бидат ослободени од притвор нејзините пратеници, за кои има судски процес за насилствата од 27 април во Собранието.

    „Вчера се видов со новиот лидер Христијан Мицковски и за многу прашања се согласивме. Но, за еден дел не можевме да се согласиме, односно за тоа што не е наша надлежност не може да се разговара. таа одлука е на судот. Драго ми е што притворот се користи како крајна мерка. Сметам дека на сите ни е преку глава од притвори, кои станаа казна. Ако има докази секој што го прекршил законот ќе одговара и ги охрабрувам судовите да водат независни постапки. Очекувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собрание, оти утре има пратенички прашања и би било глупаво да одговарам само на прашања на пратеници од позицијата. Ако не се вратат утре, очекувам тоа да го направат на седницата на 9 јануари“, кажа Заев.

    За најавите на заменик министрите од Алијансата на Албанците на Зијадин Села да се повлечат од функциите, Заев кажа дека тоа е логичен чекор, откако Села децидно кажа дека не прифаќа од неговата партија да има вицепремиер за реформи.

    „Ќе ја почитувам одлуката на Алијансата на Албанците, но сакам да оставам една врата отворена за соработка, како сега, така и во иднина“, кажа Заев.

     

    Е.БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира