КОЅИАС СО ПРЕДЛОЗИТЕ В ЧЕТВРТОК ВО СКОПЈЕ, НА 30 МАРТ СО ДИМИТРОВ НА СРЕДБА СО НИМИЦ ВО ВИЕНА

    КОЅИАС СО ПРЕДЛОЗИТЕ В ЧЕТВРТОК ВО СКОПЈЕ, НА 30 МАРТ СО ДИМИТРОВ НА СРЕДБА СО НИМИЦ ВО ВИЕНАНа 30 март, министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров, ќе се сретнат со посредникот во спорот со името Метју Нимиц во Виена. (Фото: СДК.МК)

    Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас в четврток ќе пристигне во официјална дводневна посета на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.

    На 30 март, министрите за надворешни работи Коѕиас и Димитров, ќе се сретнат со посредникот во спорот со името Метју Нимиц во Виена. Коѕиас вчера за грчките медиуми изјави дека веќе ги пратил предлозите за решавање на спорот до владата во Скопје.

    Грчкиот министер Коѕиас в четврток ќе слета на меѓународниот аеродром Скопје, откако пред месец дена, владата го смени името на аеродромот „Александар Велики“, во Меѓународен аеродром Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира