САРАЕВСКАТА ЖИЧНИЦА ПАК ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА, 26 ГОДИНИ ОТКАКО БЕШЕ УНИШТЕНА ВО ВОЈНАТА

    САРАЕВСКАТА ЖИЧНИЦА ПАК ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА, 26 ГОДИНИ ОТКАКО БЕШЕ УНИШТЕНА ВО ВОЈНАТАЖичницата има 33 кабини со капацитет за 10 лица. До видиковецот на Требевиќ со жичницата ќе се стигнува за 7 минути.(Фото: Патриа)

    Точно 26 години граѓаните на Сараево чекаа повторно да се возат со жичницата која ја поврзува населбата Бистрик со видиковецот на планината Требевиќ.

    Денеска на Денот на Град Сараево свечено беше пуштена во употреба познатата сараевска жичница која беше целосно уништена за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

    Жичницата е повторно вратена во употреба како симбол на градот со донација на американскиот бизнисмен Едмонд Хоферман или како што викаат жителите на Сараево најпознатиот сараевски зет.

    На денешното свечено отворање градоначалникот на Сараево Абдулах Скака се заблагодари на семејството Хоферман.

    „Добредојдовте во Сараево. Не подготвив говор, ќе зборувам од срце. Сон беше еден ден повторно да се возиме со жичницата. Денеска е тој ден и уживаме во него. Овој проект немаше да се реализира да не беше љубовната приказна на Марија и Едмонд. Овој проект е споменик на нивната љубов“, рече Скака.

    „Беше 1998 година кога направив еден важен повик. И се јавив на професорката Антуна Домазета, која беше заинтересирана за реконструкција на сараевската жичница. Веќе наредниот ден и се јавив да ѝ кажам дека ќе помогнам жичницата во Сараево повторно да проработи“, рече донаторот Хоферман.

    На повторното пуштање во употреба на жичницата присуствуваа и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, градоначалникот на Виена Михаел Хојпл, градоначалникот на Анкара Мустафа Туна, градоначалникот на Дубровик Нато Франковиќ. (Фото: Патриа)

    Идејата за реновирање на жичницата, која била изградена 1959 година, по војната долги години не можела да се реализира поради нерасчистени имотно-правни односи. Градежните работи за повторно враќање на симболот на градот почнаа во 2016 година. Жичницата има 33 кабини со капацитет за 10 лица. До видиковецот на Требевиќ со жичницата ќе се стигнува за 7 минути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира