ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ОБУЧУВА ОЏАЧАРИ ЗА ДА ГО НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО, НАЈАВИ ШИЛЕГОВ

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ОБУЧУВА ОЏАЧАРИ ЗА ДА ГО НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО, НАЈАВИ ШИЛЕГОВ„Во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45 отсто од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, односно тоа е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во Скопје“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје ќе обучува оџачари бидејќи во градот нема доволно број лица кои чистат оџаци, а тоа влијае врз загадувањето на воздухот, најави денеска градоначалникот Петре Шилегов.

    Обуката ќе биде за 25 невработени лица, ќе почне од 1 јуни и ќе трае три месеци. Пријавувањето е до 10 мај а кандидатите за време на обуката ќе добијат месечен надоместок од 9.000 денари. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис за од септември да можат да почнат со работа. Од тогаш Градот ќе почне и со субвенционирање на домаќинствата за чистење на оџаците за што во буџетот се предвидени 10 милиони денари.

    „Во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45 отсто од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, односно тоа е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во Скопје. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци кои многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак. Сега, со овој чекор, предвидуваме илјадници оџаци да бидат исчистени до почетокот на идната грејна сезона“, рече градоначалникот Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира