ДАНИЕЛСОН: ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Е ИМПЕРАТИВ

    ДАНИЕЛСОН: ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Е ИМПЕРАТИВ

    Императив е да се повлече одлуката на пртседателот за аболиција бидејќи во земја кандидат за челнстово во ЕУ мора да постои целосна одговорност и еднаков третман пред законот, изјави Кристијан Даниелсон, директор во Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија по серијата средби со лидерите на четирите партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.
    Тој рече дека не може да постои неказнивост и селективна правда и нагласи дека мора да се дозволи Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да ја врши својата работа.
    „Тоа е од суштествено значење за да се обезбеди одговорност и да се обнови довербата во владеење на правото како и довербата на граѓаните во правосудниот систем“, рече Даниелсон укажувајќи дека поткопувањето на работата на СЈО е црвената линија за меѓународната зедница.
    Даниелсон смета дека договорт од Пржино е од исклучително значење и останува најдобриот начин за излез од актуелната криза.
    „Европската унија е сериозно загрижена во однос на ситуацијата во земјата. Политичките лидери и релевантните власти мораат итно да ја адресираат ситуацијата во интерес на граѓаните и со цел земјата да се врати на евроатлантскиот пат“, рече Даниелсон.
    На политичките лидери им порача дека имаат можост да ги имплементираат неопходните реформи и да подготват кредибилни избори наскоро со реформи спроведени на инклузивен начин. Мора да продолжи работата на Избирачкиот список, да се работи на балансирано медиумско покривање, на спречување на заплашување на гласачите и одвојување на државните од партиските активности со цел изборите да бидат кредибилни.
    Даниелсон ги поддржа мирните напори од цивилното општество за обезбедување на неопходната контрола врз властите и нагласи дека различноста на ставовите и слободата на изразување на мислењата се клучни елементи на европската демократија.
    Даниелсон имаше средби и со претставници на граѓанското општество со СЈО и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
    Ова е втора посета на Даниелсон годинава. Тој беше во Скопје и во април кога исто така имаше средби со четворицата лидери и со премиерот Емил Димитриев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира