ОСВЕН ПАДНАТИ ДРВЈА НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ ПОГОЛЕМИ ШТЕТИ ВО СКОПЈЕ, НЕВРЕМЕТО СЕ ДВИЖИ КОН КУМАНОВО

    ОСВЕН ПАДНАТИ ДРВЈА НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ ПОГОЛЕМИ ШТЕТИ ВО СКОПЈЕ, НЕВРЕМЕТО СЕ ДВИЖИ КОН КУМАНОВО„Нестабилна воздушна маса што се движи од запад кон исток ја зафати скопската котлина, и дуваше силен ветер кој повремено достигнуваше и брзина од над 80 километри на час“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Паднато дрво кај Драмскиот театар цо Карпош 2 (аматерска фотографија)

    Од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје велат дека засега нема пријави за поголеми штети  од силното невреме, кое околу пладне го зафати Скопје и во моментов се движи кон Куманово.

    „Засега добивме пријави за паднати дрвја, но пријави за посериозни штети нема. Пративме екипи кон Аеродром и Стајковци, бидејќи сега невремето оди кон тој дел од Скопје“, вели Звонко Томески, командант на Противпожарната бригада.

    „Нестабилност со врнежи, но со помал интензитет ќе има до крајот на денот и во ноќните часови“, велат од УХМР (Фото: СДК.МК)

    Од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија велат дека Скопје е зафатено од зголемена облачност, со пороен дожд и грмежи.

    „Нестабилна вoздушна маса од запад се движи кон исток и ја зафати скопската котлина, и дува засилен ветер, кој повремено достигнува брзина од 80 километри на час. Нестабилноста и натаму трае и се движи на истокот од Скопје и продолжува кон Куманово и северната граница“, велат од УХМР.
    Од УХМР велат дека до крајот на денот времето ќе биде нестабилно со дожд, а поинтензивни врнежи ќе има на истокот од земјата.

    „Нестабилноста ќе продолжи и утре, но поинтензивни врнежи ќе има во планинските региони. До среда ќе растат температурите и на југоистокот во среда ќе достигне максимална температура од 36 целзиусови степени. Во среда повторно ќе има поголема нестабилност на повеќе места и потоа ќе биде посвежо“, велат од УХМР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира