ЖЕНИТЕ ПРАВАТ САМОСЛИК ЗА ДА СЕ ДОКАЖУВААТ НА ДРУГИ ЖЕНИ, ВЕЛАТ АВСТРАЛИСКИ НАУЧНИЦИ

    ЖЕНИТЕ ПРАВАТ САМОСЛИК ЗА ДА СЕ ДОКАЖУВААТ НА ДРУГИ ЖЕНИ, ВЕЛАТ АВСТРАЛИСКИ НАУЧНИЦИСпоред истражувањето на Универзитетот во Нов Јужен Велс, жените прават секси фотографии за да се искачат погоре на социјалната скала во економски нееднакви средини (Фото: Пекселс)

    Жените прават секси самослик фотографии за да се натпреваруваат со други жени, покажува новото истражување на Универзитетот во Нов Јужен Велс.

    Студијата објавена во списанието „Национална научна академија“, открива дека жените прават секси фотографии за да се искачат погоре на социјалната скала во економски нееднакви средини.

    Истражувачите анализирале повеќе од 68 илјади фотографии со секси автопоpтрети, објавени на Инстаграм и Твитер во 113 земји. Тие исто така истражувале во која земја најмногу се прават самослик фотографии.

    „Не најдовме никаква поврзаност со омаловажување врз основа на полот“, стои во истражувањето.

    „Се работи за тоа како жените се натпреваруваат и зошто се натпреваруваат“, рече одговорната професорка на истражувањето, Кендис Блејк.

    Таа рече дека„ жените ќе вложат повеќе време и напор за онлајн да објават секси фотографија во места каде што се зголемува економската нееднаквост, а не во места каде мажите имаат поголема општествена моќ и каде има родова нееднаквост“.

    Зборот самослик, од англискиот збор селфи, беше збор на годината во 2013 година и влезе во Оксфордскиот речник.

    Во последниве години, особено по доаѓањето на смартфоните и социјалните медиуми, самослик фотографиите станаа се повеќе користени за самовреднување од помладата генерација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира