„ВИЕ ГОСПОДИНЕ ДАМОВСКИ СТЕ ОБВИНЕТ ЗА СЕРИОЗНО КРИВИЧНО ДЕЛО И НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ СМЕЕТЕ НОНШАЛАНТНО И ИРОНИЧНО“, МУ РЕЧЕ СУДИЈКАТА КАЦАРСКА НА ОБВИНЕТИОТ И ГО СЕДНА ПРЕД СЕБЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    „ВИЕ ГОСПОДИНЕ ДАМОВСКИ СТЕ ОБВИНЕТ ЗА СЕРИОЗНО КРИВИЧНО ДЕЛО И НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ СМЕЕТЕ НОНШАЛАНТНО И ИРОНИЧНО“, МУ РЕЧЕ СУДИЈКАТА КАЦАРСКА НА ОБВИНЕТИОТ И ГО СЕДНА ПРЕД СЕБЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛБорис Дамовски, еден од лидерите на движењето „За заедничка Македонија“, на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, доаѓа со полициска придружба оти е во куќен притвор (Фото: Ѓ. Личовски)

    По повеќе опомени и замолници да престане да зборува, да се смее и гестикулира на секое судско рочиште за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, денеска судијката Добрила Кацарска го искара Борис Дамовски, еден од 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, и го седна него и адвокатот пред нејзините очи.

    „Господине Дамовски, обвинет сте за сериозно кривично дело, јас не знам како може ноншалантно и иронично да се смеете цело време“, викна кон нив Кацарска и ги премести двајцата во прв ред, пред неа.

    Дамовски ја праша: „Ви треба објаснување?“.

    Кацарска: „Не треба објаснување во секој случај“.

    Режисерот Дамовски е еден од лидерите на движењето „За заедничка Македонија“ чии протести кулминираа со нападот на Собранието, и е меѓу обвинетите заедно со оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски и членот на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски-Бетмен.

    Денеска на судењето сведочат ексминистерот за здравство Никола Тодоров, и Зоран Заев, Оливер Спасовски и Весел Мемеди.

    С. К. ДЕЛЕВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира