СТАЦИОНАРОТ НЕ Е ФАРМА ЗА ЖИВОТНИ СКИТНИЦИ, МОРАМЕ ПОСЛЕ 30 ДЕНА ДА ГИ ВРАТИМЕ НА УЛИЦА, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ ОТКАКО КУЧИЊА НАПАДНАА СЛУЖБЕНИК НА СВЕТСКА БАНКА

    СТАЦИОНАРОТ НЕ Е ФАРМА ЗА ЖИВОТНИ СКИТНИЦИ, МОРАМЕ ПОСЛЕ 30 ДЕНА ДА ГИ ВРАТИМЕ НА УЛИЦА, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ ОТКАКО КУЧИЊА НАПАДНАА СЛУЖБЕНИК НА СВЕТСКА БАНКАШилегов денес рече доколку граѓаните сметаат дека треба да се смени програмата за третирање и успивање уличните кучиња да поднесат иницијатива. (Фото: СДК.МК/архивска фотографија)

    „Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот треба да ги чува, рече градоначалникот Петре Шилегов откако вчера САКАМДАКАЖАМ.МК. објави дека службеник на Светска банка бил нападнат и повреден од кучиња скитници додека трчал на Кејот на реката Вардар.

    Шилегов денес кажа дека постојната програма на Град Скопје за третирање на кучиња скитници предвидува тие во стационарот да се чуваат 30 дена, а потоа да се вратат од местото каде се земени и дека во наредниот период ќе се разгледува евантуална промена на таа програма.

    Ние по комуналната програма што сега ја имаме можеме да ги земеме, вакцинираме  и стерилизираме кучињата за да не бидат опасност по здравје на граѓаните и должни сме по 30 дена да ги вратиме од каде се подигнати. Доколку дојде до иницијатива за промена на комуналната програма за подолго да ги чуваме или евентуално успивање тоа е нешто што допрва ќе го разгледуваме. Таква иницијатива не е стигната до мене. Ако граѓаните сметаат дека треба да има измени ги повикувам да се покрене таква иницијатива, ние ќе ја разгледаме“, рече Шилегов.

     

    Според податоците на Град Скопје моментално во градот има од 6.000 до 8.000 кучиња скитници.

    Шилегов рече дека на наредната седница на Советот на Град Скопје со ребалансот на буџетот ќе бидат обезбедени средства за набавка на опрема на стационарот, за кој пред неколку дена завршила постапката за легализација.
    „Повеќе од 11.000 чипови се доставени до сопствениците на домашни животни. Напролет ќе направиме регистар за домашни миленици со што ќе спречиме механички прилив на кучиња скитници низ улиците“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира