Вицепремиерот Бујар Османи тврди дека нема злоупотреба при спроведување на постапките во Министерството за здравство во текот на неговиот мандат, откако вчера Специјалното јавно обвинителство (СЈО, отвори истрага под кодно име „Пациент“, поради постоење на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на 15 службени и одговорни лица, во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно-занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ државата. „Пациент“ е една од шесте нови истраги што вчера ги објави СЈО.
- ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“
- СЈО ОТВОРИ ШЕСТ НОВИ ИСТРАГИ ЗА ПРЕДИЗВИКАНА ШТЕТА НА БУЏЕТОТ ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА, ПРВПАТ ОСОМНИЧЕН И ЕКСВИЦЕПРЕМИЕРОТ СТАВРЕСКИ
- ДИРЕКТОРОТ НА МРТВ МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ, ЕКСГАЗДАТА НА „КУРИР“ АЦО МИСАЈЛОВСКИ НА ЧЕЛО СО ГРУЕВСКИ МЕЃУ 9-МИНАТА ОСОМНИЧЕНИ ВО „ПРОПАГАНДА“ НА СЈО, ЗА КУПУВАЊЕ ВМРОВСКИ МЕДИУМИ СО 30 МИЛИОНИ ЕВРА ДРЖАВНИ ПАРИ
„Неколку години се присутни шпекулациите во врска со некакви злоупотреби во Министерството за здравство и јас бев еден од тие што инсистирав на истрага, бидејќи нема потреба да стои како дамка во моето работење. Драго ми е што е отворена оваа истрага чија улога е да ги утврди фактите и очекувам што побрзо и поефикасно да заврши, изјави Османи денеска во Куманово на прославата на 11 Октомври, Денот на народното антифашистичко востание, каде беше во делагацијата со премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски.
„Прво, јас во Министерството за здравство имам донесено стотици и илјадници решенија, бројни преокти коишто сè уште ги користат граѓаните. Секогаш сум работел согласно законот и во интерес на граѓаните на Република Македонија. Очекувам дека ќе се расчистат сите дилеми, во однос на некое мое вклучување во таквите злоупотреби. Јас од тоа што можев да прочитам видов одреден превид, понудата е 20 милиони поевтина, а не поскапа отколку второрангираната. Меѓутоа, ќе оставам што побрзо СЈО и институциите да ги расчистат овие факти, а јас стојам на располагање. Жалам што предходно не сум поканет, пред да биде спомнато моето име, јас да ги кажам фактите, меѓутоа со сета морална и политичка одговорност можам да потврдам дека апсолутно нема никаква девијација од законите при сите постапки во Министррството за здравство во текот на мојот мандат“, рече Османи кој е вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија.
Османи смета дека Специјалното обвинителство има обврска да отвори истрага за секој сомнеж и за секој прислушуван разговор, и истакна дека е познат на јавноста неговиот став и ставот на партијата за целосна подршка СЈО.
С. НИКОЛИЌ