САД ОЧЕКУВА НОВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА НАСКОРО

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    САД ОЧЕКУВА НОВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА НАСКОРО

    Американската амбасада во Скопје смета дека четирите партии потписнички на Договорот од Пржино наредниве денови ќе постигнат договор за нова лидереска средба.

    „Ние сме во активна дискусија со партиите. Се надеваме дека тие ќе постигнат договор во наредниве денови“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Американската амбасада во Скопје, на прашањето дали и кога САД и ЕУ како гарантори на Договорот од Пржино ќе свикаат нова лидерска средба на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ И ДПА, потписнички на овој договор.

    Денеска во резиденцијата на ЕУ претставници на четирите партии имаа билетерални средби со амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. И евроамбасадорот Орав повтори дека со партиите имаат близок контакт, преговорите продолжуваат и се надева дека што поскоро ќе има договор.

    Секоја од партиите ги кажала своите забелеши и барања за наоѓање решение за излез од политичката криза. Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу како претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, одбија да дадат каков било коментар за средбата. Според Радмила Шекеринска, што поскоро мора да се обезбедат услови за да се одржат фер и демократски избори. Двајцата амбасадори по средбата со претставници на политичките партии во Пржино рекоа дека состанокот поминал во конструктивна атмосфера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира