ПО СМРТТА НА ПРЕГАЗЕНИОТ УЧЕНИК, ШТИП ПОЧНА ДА ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

    ПО СМРТТА НА ПРЕГАЗЕНИОТ УЧЕНИК, ШТИП ПОЧНА ДА ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТУчесниците во сообраќајот кои ќе влегуваат во Штип од правец на Скопје или ќе излегуваат од градот, неколку месеци ќе се движат по една коловозна лента од булеварот (Фото: СДК.МК)

    По смртта на средношколецот кој беше прегазен на пешачки премин пред ЕМУЦ „Никола Нехтенин“ на самиот влез во Штип, Општината почна со изградба на кружен тек во близина на училиштето како една од мерките за поголема безбедност во сообраќајот, особено на пешаците.

    Кружниот тек ќе биде на неполни 50 метри од пешачкиот премин каде се случи несреќата и според локалните власти, ќе биде една од првите добри мерки за намалување на брзината по булеварот при влезот во Штип.

    Општината најавува дека изесен период поради работите околу овој кружен тек сообраќајот наместо по четири ленти ќе се одвива на два ленти наизменично и затоа бараат разбирање од учесниците во сообраќајот, посебно од оние кои влегуваат во Штип од правец на Скопје.

    „Напоредно со работите околу изградбата на кружниот тек ќе биде заменета и застарената канализациона и водоводна мрежа во овој дел на градот за што вкупно ќе бидат потрошени 250 илјади евра. Веднаш потоа ќе се асфалтира и новата делница кон реката Брегалница каде е планирано да се изгради нов мост кој значително ќе го растовари сообраќајот од индустрискиот дел на Штип. Но, таа работа ќе се случи во 2019 година“, вели градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира