АХМЕТИ, БУЈАР, БОНЕВА, МИЛОШОСКИ И ЈАНУШЕВ СЕ СПАСИЈА, ВРХОВНИОТ СУД ГИ ЗАБРАНИ ИСТРАГИТЕ НА СЈО ПРОТИВ НИВ

    АХМЕТИ, БУЈАР, БОНЕВА, МИЛОШОСКИ И ЈАНУШЕВ СЕ СПАСИЈА, ВРХОВНИОТ СУД ГИ ЗАБРАНИ ИСТРАГИТЕ НА СЈО ПРОТИВ НИВВо членот 22 од Законот за СЈО, стои дека ова обвинителство може да покрене истраги, да ги запре или да поднесе обвинение за нив, во рок од 18 месеци од преземањето на бомбите, а тоа е 30 јуни 2017. - Специјалната обвинителка Катица Јанева и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски (Фото: СДК.МК)

    Со мнозинство гласови, врховните судии донесоа одлука дека истрагите на Специјалното обвинителство (СЈО) кои ги отвори по 30 јуни 2017, не може да продолжат натаму. Пропаѓаат истрагите за пописот против лидерот на ДУИ Али Ахмети и избеганиот Никола Груевски, истрагата „Моќник“ против Антонијо Милошоски, „Пациент“ против Бујар Османи, „Дизајн“ за кинеските автобуси и други.

    Но, судиите оттаму велат дека на СЈО му се одземаат и истрагите како „Империја“, „Талир“ и „Поштенска банка“ и му се враќаат на редовното Обвинителство за организиран криминал и корупција, од каде што беа преземени. Всушност, сите преземени истраги од редовното обвинителство се враќаат од кај Кататица Јанева кај Вилма Рускоска, шефица на ОЈО за организиран криминал.

    „Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 30.01.2019 година, Општата седница на Врховниот суд, по повод иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр. 83/18), утврди начелно правно мислење, кое гласи: ’Специјалното јавно обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов. Тој не може да биде пречекорен, сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По истекот на тој рок од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“, соопшти Врховниот суд.

    Врховните судии одлучуваа по иницијатива на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, чии клиенти се меѓу обвинетите во повеќе случаи на СЈО, кои бараа од Судот да се произнесе до кога СЈО може да покренува истраги.

    Во членот 22 од Законот за СЈО стои дека ова обвинителство може да покрене истраги, да ги запре или да поднесе обвинение за нив, во рок од 18 месеци од преземањето на бомбите, а тоа е 30 јуни 2017.

    Вчера професорот Гордан Калајџиев, како вклучен експерт во преговорите за формирањето на СЈО, на дебата во МАНУ откри дека тој ограничувачки член од само 18 месеци за истраги и обвиненијатогаш го договориле самите лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Никола Груевски во последен момент.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира