СИНОТ НА ПРАТЕНИКОТ БЛАГОЈЧЕ ТРПЕВСКИ Е МЕЃУ 13-ТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС

    СИНОТ НА ПРАТЕНИКОТ БЛАГОЈЧЕ ТРПЕВСКИ Е МЕЃУ 13-ТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУСИмињата на 13-мината загинати во превртениот автобус на патот Скопје-Тетово уште не се официјално соопштени, а уште шестмина се борат за живот .(Фото: СДК.МК)

    Синот на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ од Гостивар е меѓу 13-те загинати во тешката сообраќајна несреќа, што се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово, потврди вечерва портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Јовица Трпевски (25) загина откако автобус со 50 патници околу 17 часот излетал и се превртел.

    Имињата на 13-мината загинати уште не се официјално соопштени, а уште шестмина се борат за живот.

    Несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ на линијата Скопје-Гостивар преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира