СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ Е ПРЕДЛОГОТ НА ЗАЕВ ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТО ИМ ГО КАЖА НА КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ

    СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ Е ПРЕДЛОГОТ НА ЗАЕВ ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТО ИМ ГО КАЖА НА КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ Претходно, лидерите на партиите од коалицијата со СДСМ поединечно се изјаснувале кај Заев, на негово барање, за сите четворица кандидати. И тука најголемата поддршка ја добил Пендаровски; - Од тековната средба на партнерите во коалицијата вечерва (Фото: СДК.МК)

    Стево Пендаровски е предлогот на СДСМ што, како што потврди вечерва премиерот Зоран Заев, ќе им го соопшти на партнерите во коалицијата на средбата која почна во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Заев кажа дека тој разговарал најпрвин со тројката најсериозни кандидати за консензуален претседател покрај Пендаровски, со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски, а го известил за одлуката и Никола Димитров, кој е во Турција. Тие, како што рече Заев, се согласиле и дале поддршка за неговата одлука.

    Во моментов, во „Хилтон“ претставниците на коалицијата се изјаснуваат дали ќе го прифатат предлогот на Заев. Претходно, лидерите на партиите од коалицијата со СДСМ поединечно се изјаснувале кај Заев, на негово барање, за сите четворица кандидати. И тука најголемата поддршка ја добил Пендаровски.

    Пендаровски, откако беше избран за пратеник на последните парламентарни избори, стана Национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО. Роден е на 3 април 1963 во Скопје. Дипломирал во 1987 на Факултетот за правни и политички науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ.

    Пред да биде избран за пратеник во 2016, 11 години беше професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Предава Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на САД и други предмети.

    Од 1998 до 2001 беше началник на Управата за аналитика во МВР. За време на воениот конфликт во 2001 беше портпарол на МВР. Од 2001 до 2004 беше советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски. Од 2004 до 2005 е претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 е советник за надворешна политика на претседателот Бранко Црвенковски.

    Тој беше претседателски кандидат минатите избори, кога победи Ѓорге Иванов и го осови вториот мандат како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира