Во Охридско-Струшкиот Регион вчера се случија неколку пожари во кои е предизвикана поголема материјална штета, a за прв пат еден пироман е лишен од слобода. Вчера е уапсен 55-годишниот Б. С. од селото Ботун, Општина Дебрца, кој го предизвикал пожарот на отворен простор при што целосно изгореле електричен столб сопственост на ЕВН и други предмети во приватна сопственост. Против него ќе биде поднесена кривична пријава, најави полицијата.
Вчера околу 14 часот, во месноста Степаница во атарот на струшкото село Октиси, избувнал пожар во кој изгорела поголема површина дабова шума и две куќи, сопственост на Б. А. и Ф. Д., жители на селото.
Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга.
Вчера околу 10 часот, во полициската станица Охрид М. Х. (55) од Охрид пријави пожар на нива во близина на улицата Гоце Делчев. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот го предизвикал А. И. (35) од Охрид, кој, извршувајќи земјоделски работи на нивата, фрлил отпушок од цигара. Притоа, опожарени биле неколку соседни ниви и две куќи сопственост на лица кои се на привремена работа во странство. СВР Охрид најави дека ќе поднесе кривична пријава.
- 8 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАР ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАВА ПОДНЕЛА ПОЛИЦИЈАТА
- ПОЖАРИТЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА, ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА БЕА ПРЕВЕНТИВНО ЕВАКУИРАНИ 4 СТАРИ ЛИЦА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЗС ЏАФЕРОСКИ
Д. ЧУБРИЌ