Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев, и партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Перистера Бети Базијана, на денешниот заеднички ручек си размениле подароци. Заева ѝ подарила на Базијана охридски бисери, а таа нејзе свилена марама со цртежи од грчкиот сликар Јанис Моралис.
Додека Заев и Ципрас имаа средба во Владата, а потоа учествуваа на бизнис форумот со македонките и грчките бизнисмени, Заева и Базијана беа на прошетка низ скопската тврдина Кале. Од таму заминаа на ручек во еден скопски ресторан со поглед на Старата скопска чаршија.
- ПАРТНЕРКАТА НА ЦИПРАС БЕТИ БАЗИЈАНА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГРКОТ ЗОРБА ВО БУТЕЛ
- ЗАЕВА И ПАРТНЕРКАТА НА ЦИПРАС БАЗИЈАНА СЕ ПРОШЕТАА ПО СКОПСКОТО КАЛЕ
Партнерката на Ципрас, Бети Базијана по пристигнувањето во Скопје утрово беше и на гробот на Гркот Зорба на скопските грoбишта Бутел, каде положи цвеќе.
Таа живее со Ципрас повеќе од 20 години како невенчана сопруга и имаат два сина. Базијана е електротехнички инженер, не сака медиумско внимание и ретко се појавува во јавноста.