НОВИОТ ПАРК КАЈ ФИЛХАРМОНИЈА ДОБИ МУРАЛ ОД ХРВАТСКИОТ УЛИЧЕН УМЕТНИК ЛОНАЦ

    НОВИОТ ПАРК КАЈ ФИЛХАРМОНИЈА ДОБИ МУРАЛ ОД ХРВАТСКИОТ УЛИЧЕН УМЕТНИК ЛОНАЦНа ѕидот на средното музичко училиште хрватскиот уметник Лонац наслика девојка со жичен инструмент во рака која седи на велосипед. (Фото: К.Попов)

    Новиот парк кај Филхармонија ќе има мурал на познатиот хрватски уличен уметник Лонац. Веќе неколку недели ѕидот на средното музичко училиште во паркот, хрватскиот уметник кој не го открива своето вистинско име, го слика и за неколку дена муралот ќе биде готов. На празниот ѕид сега е насликана девојка со жичен инструмент во рака која седи на велосипед.

    Лонац е во Скопје по покана на Младинскиот културен центар (МКЦ) од каде велат дека кога почнал да се гради паркот во очи им паднал ѕидот на музичкото училиште и решиле да го разубават просторот.

    „Сакаме да му дадеме еден нов, урбан лик на градот. Ова е подарок од МКЦ за Скопје и за скопјани. Тоа што познатиот хрватски улеичен уметник кој остави белег со своите дела низ Загреб, ја прифати нашата покана, е голема чест. Идејата е секако негова, ние само му го покажавме просторот“, вели Русе Арсов директор на МКЦ.

    Арсов вели дека ова е еден од проектите за разубавување на градот со улична уметност и подготвуваат нова галерија на графити.

    „Галеријата на графити во Градскиот трговски центар е одлично прифатена од граѓаните, сега тоа е препознатливо место во градот. Наскоро ќе стартуваме со преобразба на уште еден празен простор со улична уметност, во кој ќе се вклучат голем број наши уметници“, вели Арсов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира