Дрвјата на Плоштад Македонија кои беа отстранети за литургијата на папата Фрањо, денеска повторно беа засадени. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило” со специјалната машина за пресадување прво ископаа дупка, а потоа во неа ги засадија двете дрвја.
„Откако ги извадивме дрвјата беа пресадени во расадникот во Бутел. Не се уништени”, велат од ЈП „Паркови и зеленило”.
Дрвјата од Плоштадот беа отстранети на 2 мај поради безбедносни причини за посетата на папата. Покрај дрвјата, денеска се монтираа и канделабрите кои исто така беа извадени.
А. АНТЕВСКА