Победата на португалската фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство беше кулминација на изненадувања, коишто го одбележаа турнирот во Франција.
Англиските навивачи, пак, ќе го паметат шампионатото во Франција по раната елиминација на нивната репрезентација и тоа од аутсајдерот Исланд. Иако, Англија имаше еден од најдобрите тимови во Франција, барем според имињата во составот, тимот на сега веќе бившиот селектор Рој Хоџсон не успеа да ги оправда очекувањата и загуби со 2:1 во осминафиналето од Исланѓаните.
Како мала утеха на Англичаните може да им служи подастокот дека твитот на стручниот коментатор на „Би-Би-Си“ Гери Линекер за испаѓањето ан Англија беше најретвитуван на првенството.
Линекер, кој поранешен фудбалер, напиша дека „Англија загуби од земја која има повеќе вулкани од фудбалери“.
The worst defeat in our history. England beaten by a country with more volcanoes than professional footballers. Well played Iceland.
— Gary Lineker (@GaryLineker) June 27, 2016
Твитот на Линекер доби повеќе ретвити дури и од победничкиот твит на Кристијано Роналдо.
Proud of my team. Proud of my country. Make them believe. #JustDoIt pic.twitter.com/Zt2iqmDPZQ
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) July 10, 2016