Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев попладнево ја имаа првата средба во претседателската вила на Водно, откако петтиот претседател стапи на функцијата по инаугурацијата на 12 мај.
Заев не беше на инагурацијата на Пендаровски, бидејќи од 10 до 14 мај беше на одмор, па првата официјална средба со претседателот ја имаше денеска.
За што разговарале не кажаа, бидејќи од кабинетот на Пендаровски рекоа дека не се предвидени изјави за медиумите, туку по завршување на средбата ќе пратат официјално соопштение. Средбата на почетокот беше отворена само за фотографи и сниматели.
А. АНТЕВСКА