Франко Зефирели, еден од најпознатите уметнички фигури на Италија, почина на 96 години. Во кариерата долга над 60 години, Зефирели беше познат и признат како режисер на филмови, театарски претстави и опери. Неколку од неговите театарски поставки постигнаа голем успех на филмското платно, како на пример онаа со Џуди Денч во „Ромео и Јулија“ која подоцна стана оскаровец и блокбастер во киноблагајните во раните 1960 години.
Шекспир беше инспирација за филмовите на Зефирели со Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Мел Гибсон, Глен Клоуз, како и за филм за операта „Отело“ на Верди со Пласидо Доминго. Познат е и како пријател на Коко Шанел, соработник на Марија Калас, а меѓу попознатите проекти е и ТВ-филмот „Исус од Назарет“ со Роберт Пауел. Неговите опери во филмска верзија достигнаа бројна телевизиска публика и важеше за личност која ја популаризираше операта.
Зефирели ја наследил неговата љубов кон музиката од неговиот дедо, диригент. Роден е на 12 февруари 1923 и израснат во Фиренца. Пасијата кон театарот ја добил во Тоскана, каде за време на летните распусти гледал патувачки театарски трупи.
„Никогаш не верував толку во театарот како на тие фантазии што ни ги носеа кои членовите на трупите“, напиша тој во автобиографијата.
Во 1994 Зефирели стана член на италијанскиот Сенат, претставувајќи ја партијата на Силвио Берлускони седум години. Во 2004 беше именуван за Витез на Британската Империја.