Ние сме пријатели со Русија и против нивното противење да станеме членка на НАТО, рече денеска премиерот Зоран Заев кој заедно со амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин беа отворање на нова бензинска пумпа на „Лукоил“ во населбата Сингелиќ.
Заев кажа дека после разговорот со руските комичари денеска ќе има средба во Владата со амбасадорот Баздникин, која била закажана уште пред 10 дена.
- ЗАЕВ ТРИ ПАТИ РАЗГОВАРАЛ СО РУСКИ КОМИЧАРИ МИСЛЕЈЌИ ДЕКА СЕ ПОРОШЕНКО И СТОЛТЕНБЕРГ
- ЖРТВА СУМ НА МОЈАТА ОТВОРЕНОСТ И ДОСТАПНОСТ, КАЖА ЗАЕВ ЗА РАЗГОВОРИТЕ СО РУСКИТЕ КОМИЧАРИ
„Овие фејк перформанси се приватни работи, не се акт од Руската федерација и соработката меѓу нашите земји. Русија се противи на нашето членство во НАТО, не ради нас, туку поради нивниот став против проширување на Унијата. Принципиелен е нивниот став, јас го разбирам, но ние сме пријатели и со оние земји кои не се за членство во НАТО“, рече премиерот Зоран Заев.
А. АНТЕВСКА