ЗАЕВ СЕ СПОМЕНУВА ВО ИСКАЗОТ НА КАМЧЕВ САМО ВО ДЕЛОТ ДЕКА КАЈ НЕГО ПРИЈАВИЛ РЕКЕТ, КАЖА РУСКОСКА

    ЗАЕВ СЕ СПОМЕНУВА ВО ИСКАЗОТ НА КАМЧЕВ САМО ВО ДЕЛОТ ДЕКА КАЈ НЕГО ПРИЈАВИЛ РЕКЕТ, КАЖА РУСКОСКАРускоска кажа дека пред Советот ги презентирала сите докази и искази на сведоци кои досега ги има Обвинителството за случајот „Рекет“ каде осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец и Катица Јанева. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев не е споменат во исказот на Орце Камчев дека е вмешан во случајот „Рекет“, рече шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, објаснувајќи дека неговото име е споменато само во делот од исказот во кој сведокот Орце Камчев кажува дека кај премиерот пријавил рекетирање.

    „Информациите изнесени во одредени медиуми се апсолутно неточни. Заев не е споменат во исказот на Камчев, освен во делот дека кај него прво го пријавил рекетот. Ниту било кој друг политичар не е спомнат во исказот кој го даде во Обвинителството“, рече Рускоска, одговарајќи на новинарско прашање за истечениот записник, по образложувањето на причините зошто е осомничена специјалната јавна обвинителка Јанева во предметот „Рекет“ пред Советот на јавни обвинители.

    Рускоска кажа дека пред Советот ги презентирала сите докази и искази на сведоци кои досега ги има Обвинителството за случајот „Рекет“ каде осомничени и во притвор се Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец и Катица Јанева.

    На седницата на Советот за јавни обвинители се расправа за разрешување на Катица Јанева од функцијата шефица на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира