Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предлага сите политички партии во Собранието да донесат резолуција дека Македонија нема да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и од македонскиот јазик. Ова Мицкоски го предложил на лидерската средба за датум за предвремени избори, откако, како што рече во Бугарскиот парламент со огромно мнозинство беше донесена декларација со која се бара Македонија да се откаже од малцинството во Бугарија и македонскиот јазик.
„Јас побарав како политички партии да заземеме став, можеби и ние да донесеме слична таква резулуција во Парламентот. Со тоа ќе кажеме дека тое е огромна навреда и не води кон подобрување на добрососедски односи, туку напротив ги заострува. На некои од наредните состаноци јас верувам дека тоа прашање ќе се отвори. Инсистирам да се донесе една резулација која ќе биде одговор дека не ни паѓа на памет ниту имаме намера како политички партии да постапиме согласно барањата на нашиот источен сосед“, рече Мицкоски по лидерската средба одговарајќи на новинарско прашање.
А. АНТЕВСКА