30 ДРВЈА ПАДНАТИ ВО СКОПЈЕ ОД СНЕГОТ, ОШТЕТЕНИ КОЛИ

    30 ДРВЈА ПАДНАТИ ВО СКОПЈЕ ОД СНЕГОТ, ОШТЕТЕНИ КОЛИСтанува збор за здрави дрвја, кои не се во програмата за отстанување поради старост или болест; - Населбата Карпош 4. (Фото: СДК.МК)

    Триесетина дрвја паднале синоќа по врнежите од снег кои го зафатија Скопје. Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека ноќеска реагирале на околу 20 локации, а утрово имале уште десетина повици од граѓани.

    „Станува збор за здрави дрвја, кои не се во програмата за отстанување поради старост или болест. Сите екипи се на терен и интервенираат. Има и штети, дел од дрвјата се паднати врз возила, но нема повредени граѓани“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.

    Град Скопје утрово соопшти дека екипите на зимската служба со 16 возила цела ноќ работеле на терен и сите булевари и улици кои се во нивна надлежност се чисти.

    „Градските автобуси на ЈСП сообраќаат на сите линии и сообраќајот се одвива нормално и без никаков прекин. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба ќе продолжат да работат на терен, а истовремено ќе ја следат состојбата и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот. Во тек е чистењето на тротоарите“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира