85-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ИЗЛЕЧЕН ОД КОРОНАВИРУС

    85-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ИЗЛЕЧЕН ОД КОРОНАВИРУСОд Домот за стари лица Битола за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека по два добиени негативни резултати од анализата на брисевите, денес нивниот штитеник е пуштен од болничко лекување. (Фото: СДК.МК)

    85-годишен битолчанец, штитеник на Домот за стари лица од Битола, е излекуван од КОВИД-19. Од Домот за САКАМДАКАЖАМ.МК  потврдија дека по два добиени негативни резултати од анализата на брисевите, денес пациентот е пуштен од болничко лекување. Тој во изминатите дваесетина дена се лекуваше во Клиничката болница во Битола. Се работи за судија во пензија, а семејството одби да зборува за случајот.

    85-годишниот битолчанец бил сместен во Домот за стари лица во Битола на 18 март. Симптоми на болеста појавил на 2 април, а имал контакти со вкука која била дојдена во Битола од Германија. Откако резултатите од тестирањето биле позитивни тој бил хоспитализиран во Битолската болница, од каде минатата недела изјавија дека пациентот е во стабилна здравствена состојба, бронхо- пневмонијата е стабилизирана, но тој е повозрасен и има други здравствени заболувања кои немаат врска со коронавирусот.

    Откако кај него беше констатирано дека е заболен од КОВИД-19, осум вработени од Домот за стари лица беа ставени во самоизолација, а брисевите на 20 штитеници излегоа негативни. Позитивна на КОВИД-19 е и негувателка од Домот за стари лица која деновиве била во самоизолација откако имала контакт со 85 -годишниот штитеник додека бил во Домот. Таа е една од осумте вработени од Домот кои се во самоизолација .

    Досега 17 битолчани  се заболени од коронавирус или вкупно 21 лице на теритиријата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола, вклучувајќи ги и Кичево, Ресен и Демир Хисар.

    Од вкупниот број потврдени позитивни лица за регионот на ЦЈЗ Битола, едно лице е хоспитализирано на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола и едно лице во болницата „8 Септември’’ во Скопје. Од вкупниот број на потврдени случаи, 9 лица се здравствени работници. Вкупно пет лица по добиени два негативни теста за присуство на КОВИД-19 се регистрирани како оздравени,  четворица од домашно лекување и еден хоспитализиран пациент. Од оздравените лица, два се здравствени работници.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира