Амбасадорите на САД Кејт Мари Брнз, на Холандија Дирк Јан Коп и на Велика Британија Рејчел Галовеј денеска традиционално го чистеа Скопје. Амбасадорите се придружија на акцијата која ја организираа „Пакомак“ и „Пивара Скопје“.
Тие заедно со вработените го чистеа кејот на реката Вардар кај мостот Близнак и кажаа дека секој од нас треба да даде свој придонес за здрава животна средина.
„Со ваквите волонтерски акции кои ги организираме заедно со нашите партнери амбасадите на САД, Холандија и Велика Британија, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека секој треба си го преземе својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираме за решавање на проблемите со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и идните генерации” рече генералниот директор на „Пивара Скопје“ Дан Тимотин.
Платформата „Рециклираше ли и ти“ за подигнување на јавната свест за селектирање на отпадот беше промвирана во 2016 со првата еко акција за чистење на кејот на Вардар. Во овие акции беа собрани над 300 метри кубни смет.