АМБАСАДОРИТЕ НА САД И ФРАНЦИЈА ДОЈДОА ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА ВЛАСТА ДА ГО ИСЧИСТИ СКОПЈЕ

    АМБАСАДОРИТЕ НА САД И ФРАНЦИЈА ДОЈДОА ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА ВЛАСТА ДА ГО ИСЧИСТИ СКОПЈЕАмбасадорот на Франција, в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер Блум и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани чистеа на паркингот спроти поранешен Скопски саем. (Фото: К.Попов)

    Амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер Блум, денеска се приклучија на акцијата на ЈП „Комунална хигиена“ за чистење на Скопје. Амбасадорот на Франција Тимоние порача дека чистиот град е обрвска на сите и на граѓаните и на надлежните.

    Во чистењето се приклучија и студенти и професори од универзитетите, директори и вработени во јавните претпријатија на Град Скопје, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, вицепремиерот Бујар Османи и вработените во Секретаријатот за европски прашања.

    „Метлата влезе во високата политика. Сакам да испратам апел до политичарите дека треба да се фатат и за вистинската, реална метла, за да можеме да се соочиме со вистинските проблеми на граѓаните. Токму тоа ни треба сега да се соочиме со проблемите на граѓаните“, рече Османи.

    Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани кажа дека акцијата е за подигнување на свеста кај граѓаните од несовесното постапување со отпадот и најави дека ќе се чистат депонии низ целиот град.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари