АРСОВСКА ВЕЛЕШЕ ДЕКА ИМА АВТОБУСИ И ПРИВАТНИЦИТЕ НЕ МУ ТРЕБААТ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ, А РАСПИША ОГЛАС ЗА ИСТИТЕ ЛИНИИТЕ ПО КОИ ВОЗЕА СО ГОДИНИ

    АРСОВСКА ВЕЛЕШЕ ДЕКА ИМА АВТОБУСИ И ПРИВАТНИЦИТЕ НЕ МУ ТРЕБААТ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ, А РАСПИША ОГЛАС ЗА ИСТИТЕ ЛИНИИТЕ ПО КОИ ВОЗЕА СО ГОДИНИОгласот е за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. (Фото: Фејсбук)

    Град Скопје денеска објави нов оглас за доделување на линии во јавниот превоз на приватните превозници. Овој оглас е различен од претходниот кој пропадна, бидејќи е за истите линии и услови по кои приватниците возеа со години, односно до лани во декември  кога се скараа со градоначалничката Данела Арсовска, и оттогаш не се дел од јавниот превоз.

    Градоначалничката Арсовска откако се скара со приватните превозници велеше дека тие не му требаат на јавниот превоз, дека ЈСП „Скопје“ има доволен капацитет и автобуси да ги замени овие линии и дека пари веќе нема да одат во приватни џебови. Но три месеци подоцна, градоначалничката објави оглас со кој сè се враќа по старо.

    Огласот кој денес е објавен на веб страната на Град Скопје е за 16 линии односно за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. Линиите се поделени во три пакети, за 115 автобуси и 245 возачи.

    Различно е само тоа што на огласот сега нема да настапат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ со кои Арсовска рече дека нема да соработува, туку истите превозници ќе бидат организирани преку нови три фирми.

    Поднесување на пријавите е до 21 март, а на 27 ќе се врши разгледувањето и одлучувањето. Тоа значи дека и овој месец во Скопје нема да има редовен превоз.

    ЈСП „Скопје“ има долг кон приватните превозници од 1,5 милиони евра и токму поради тоа тие во декември престанаа да возат. Тогаш Арсовска велеше дека таков долг не постои, а ако сметаат дека има нека го тужат Градот.

    Минатата недела превознците имаа средба со претставници на Град Скопје на која рекоа дека бил постигнат договор и дека покрај нов оглас за истите линии кои ги возеа со години им било ветено и дека ќе им се исплати долгот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира