АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ ОД ДЕНЕСКА СО НАМАЛЕН ВОЗЕН РЕД, „ВОДОВОД“ НЕМА ДА ИСКЛУЧУВА ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ

    АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ ОД ДЕНЕСКА СО НАМАЛЕН ВОЗЕН РЕД, „ВОДОВОД“ НЕМА ДА ИСКЛУЧУВА ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИАвтобисите на ЈСП „Скопје“ ќе возат според саботен возен ред; - Дезинфекција на автобусите. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денеска, автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници ќе возат според саботниот возен ред односно автобуси ќе има поретко. Оваа одлука од претпријатието ја донесоа поради препораките на Владата граѓаните да останат дома.

    „Мерката се презема поради пониската фрекфенција на патници и намалената раздвиженост низ градот. Возниот ред на автобусите граѓаните можат да го видат веб страната на претпријатието. Мерката ќе важи до 21 март“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Поради коронавирусот ЈП „Водовод и канализација“ донесе одлука да не им се исклучува водата на граѓаните кои немаат платено сметки. Додека траат мерките на Владата, инкасаторите нема да ги читаат водомерите кои се наоѓаат внатре во објектите.

    Од Град Скопје велат дека барака 16 од денеска ќе работи со скратено работно време. Шалтерите за даночни прашања ќе работат од 10 до 12 часот, едниот шалтер ќе биде за прием, а вториот за издавање документи. Архивата на Град Скопје ќе работи до 16 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира