БИТОЛА ИМА ОКОЛУ 5.000 ГЛАСАЧИ ПОМАЛКУ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2021

    БИТОЛА ИМА ОКОЛУ 5.000 ГЛАСАЧИ ПОМАЛКУ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2021Од Општинската изборна комисија (ОИК) потврдија дека разликата во гласачите е околу 5.000, но велат дека тие немаат податоци на што се должи тоа; - Од гласањето во 2020. (Фото: СДК.МК)

    Избирачкиот список за престојните претседателски извори во Општина Битола брои 4.635 гласачи помалку од изборите за градоначалник во 2021 година, односно пред две и пол години. Од Општинската изборна комисија (ОИК) потврдија дека разликата во гласачите е околу 5.000, но велат дека тие немаат податоци на што се должи тоа.

    Утре на првиот круг претседателски изброи ќе гласа 77.419 полнолетени битолчани, а на страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се вели дека во 2021 на локалните избори во Битола имало 82.054 гласачи.

    Од Подрачното одделение на Државната изборна комисија во Битола велат дека ова се податоци по спроведениот попис во 2021 и избирачкиот список е заклучен со 77.419 гласачи.

    Останува неодговорено прашањето колку од овие скоро 5.000 гласачи, отпаѓа на битолчани кои се иселени? Неофицијално, одјавени поради иселување има 5.750 битолчани, но и ова не е конечна бројка затоа што има лица кои се на привремена работа во странство, немаат направено промена на адресата и се водат на избирачкиот список како жители на Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира