БИТОЛЧАНЕЦ ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ И СО Т-СПОЈКА ОД 20 ДЕНАРИ ОВОЗМОЖИ КИСЛОРОД ДА ДОБИЈАТ ШТО ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ

БИТОЛЧАНЕЦ ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ И СО Т-СПОЈКА ОД 20 ДЕНАРИ ОВОЗМОЖИ КИСЛОРОД ДА ДОБИЈАТ ШТО ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ„Ова решение е, што би се рекло, за без пари или доста евтино, а значи спас на човечки живот. Се сетив да купам спојка која чини само 20 денари, а ја има во сите дуќани за автоделови и да се направи бајпас од еден регулатор да можат да дишат двајца пациенти. Дополнително, купив и антибактериско црево и силиконска маса, сеʹ вкупно 500 денари. Му ги однесов на чичко ми в болница и тој го направи бајпасот. Другиот ден, кога ги посети медицинско лице, чичкото мислел дека му вика, но му било кажено 'добро е што се сетивте, ова спасува живот'“, битолчанецот Драган Мицков. (Фото: СДК.МК)

45-годишниот битолчанец Драган Мицков, со едноставно решение ставајќи Т-спојкa која чини само 20 денари на регулатор за кислород овозможи еден уред за кислородна поддршка истовремено да можат да го користат два пациенти во Ковид-центрот при Битолската болница. На овој начин, се обезбеди кислород за сите хоспитализирани пациенти кои имаат потреба од тоа.

Мицков 14 дена помина на Инфективното одделение и успеа да победи коронавирусот. Не знае како ја добил болеста зашто ги почитувал сите мерки за заштита. Како сопственик на семеен бизнис во Битола ги откажал и сите договорени бизнис активности, само за да биде заштитен и тој и семејството. Но, сепак се разболел од ковид-19. В болница се лекувал до 14 ноември. Не бил на кислородна поддршка, но забележал дека во собите има само два приклучоци за кислород, а повеќе пациенти.

„Знаев дека најголем проблем за медицинските лица и за пациентите по болниците низ цела Македонија е снабдувањето со кислородна поддршка. Кога бев хоспитализиран на Инфективното во Битола, деноноќно гледав како сестрите растрчани бараа места за пациентите на кои им требаше кислород, а беше проблем да се најде слободен приклучок. Во соба се инсталирани по два кислородни приклучоци, а има по три или четири пациенти. Замислете да имаат потреба од кислород тројца пациенти, а двата приклучоци се веќе зафатени“, вели Мицков за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Само што беше отпуштен од болница, два дена подоцна на истото одделение од истата болест беше хоспитализиран неговиот чичко. То, имаше потреба од кислородна поддршка, а беше во соба каде веќе другите двајца пациенти ги користеа двата постоечки приклучоци за кислород. Мицков испаничен ја прошетал цела Битола за да најде боца со кислород, но без успех. Тогаш се сетил како на едноставен начин да се обезбеди кислород за што повеќе пациенти.

„Ова решение е, што би се рекло, за без пари или доста евтино, а значи спас на човечки живот. Се сетив да купам спојка која чини само 20 денари, а ја има во сите дуќани за автоделови и да се направи бајпас од еден регулатор да можат да дишат двајца пациенти. Дополнително, купив и антибактериско црево и силиконска маса, сеʹ вкупно 500 денари. Му ги однесов на чичко ми и тој го направи бајпасот. Другиот ден, кога ги посети медицинско лице, чичкото мислел дека му вика, но му било кажено ‘добро е што се сетивте, ова спасува живот’“, кажува Мицков.

Пациентите кои се на кислород, всушност, не го користат цел капацитет на регулаторот туку 90 проценти од нив користат 7 до 8 кислородни единици, а регулаторите се до 16. Според ова, ако двајца пацинети се на еден приклучок не се загрозуваат меѓу себе.

По два дена, Мицков го контактирал раководството на болницата, од каде информацијата прво ја примиле со резерва, а потоа дозволиле да се направи еден таков уред и да се тестира. На тестот поминал успешно, а вчера Мицков добил порака од болницата дека сите уреди беспрекорно функционираат и сите пациенти се обезбедени со кислород.

„Старите велат лекот е пет пари само треба да се најде. Сега ни се јавуваат од болниците во Струмица и Охрид прашуваат како и тие да направат бајпас на уредите“, вели Мицков.

Тој апелира веста да се шири, за истиот начин да се спроведе и во други болници каде има ковид-центри низ државата за да се овозможи доток на кислород за сите пациенти кои имаат потреба од тоа.

Ж. ЗДРАВКОВСКА


    ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


    Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира