БИТОЛСКИТЕ ВМРОВЦИ СЕ СОБРАА ПРЕД ПАРТИЈА ЧЕКАЈЌИ ГО ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКИТЕ ВМРОВЦИ СЕ СОБРАА ПРЕД ПАРТИЈА ЧЕКАЈЌИ ГО ДИК

    Битолските ВМРО-вци попладнево се собраа пред Комитетот на ВМРО ДПМНЕ во Битола во исчекување Државната изборна комисија (ДИК) да ги соопшти конечните резултати по приговорите од СДСм и од БЕСА за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Од Комитетот рекоа дека граѓаните се собрале да протестираат за да не дојде до кражба на гласови и на победата на ВМРО ДПМНЕ.

    Собирот беше мирен, со скандирање „Македонија, Македонија“.

    Дел од насобраните граѓани ни рекоа дека биле повикани од партијата, а портпаролката Валентина Марковска рече дека спонтано се собрале.

    Од собирот пред седиштето на ДИК попладнево во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Од собирот пред седиштето на ДИК попладнево во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Доцна попладнево приврзеници на ВМРО-ДПМНЕ се собраа и пред седиштето на Државната изборна комисија во Скопје. Собирот беше организиран преку социјалните мрежи бидејќи се очекуваше да почне седницата за одлучување по приговорите од СДСМ и од Беса за гласањето на 11 декември, а членови на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека со смс порака биле повикувани да дојдат пред ДИК и наставници и вработени во јавната администрација. ДИК околу 17 часот објави дека седницата ќе се одржи утре, па демонстрантите кусо потоа се се разотидоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира