ДАНЕЛА АРСОВСКА ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ВО СКОПЈЕ ОД ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

    ДАНЕЛА АРСОВСКА ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ВО СКОПЈЕ ОД ПЕТРЕ ШИЛЕГОВШилегов ја пречека Арсовска во нејзиниот нов кабинет со букет цвеќе.(Фото: К.Попов)

    Данела Арсовска денеска ја презема градоначалничката функција од досегашниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. Шилегов ја пречека Арсовска во нејзиниот нов кабинет со букет цвеќе.

    Арсовска денеска на првиот работен ден како градоначалничка на Скопје на сакаше да дава изјави, рече дека во среда ќе има брифинг со новинарите.

    Шилегов на заминување кажа дека ја запознал Арсовска со основните работи важни за функционирањето на Градот.

    „Останува избор на госпоѓа Арсовска што е тоа што е започнато ќе го продолжи. Дел од работите се сериозно започнати, во поодмината фаза се и тие заради законските прописи мора да бидат продолжени. Што од завршената проектна документација ќе биде продолжено зависи од Арсовска“, кажа Шилегов.

    Арсовска на локалните избори  настапи како независна кандидатка  поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и освои околу 28.000 гласови повеќе од досегашниот градоначалник Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира