СО ДРОН ЌЕ ВЕ ЛОВИМЕ И ЌЕ ВЕ КАЗНУВАМЕ СО 50 ЕВРА ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ, ВЕЛИ ГЛАВНИОТ ИНСПЕКТОР ВО ГРАД СКОПЈЕ

    СО ДРОН ЌЕ ВЕ ЛОВИМЕ И ЌЕ ВЕ КАЗНУВАМЕ СО 50 ЕВРА ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ, ВЕЛИ ГЛАВНИОТ ИНСПЕКТОР ВО ГРАД СКОПЈЕНовиот раководител на инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски денеска најави ќе се зголемат контролите во однос на отпадот кој се создава низ градот. (Фото: Град Скопје)

    Комуналните инспектори на Град Скопје и на скопските општини заедно ќе почнат акција за казнување на граѓаните кои фрлаат ѓубре низ градот.

    Новиот раководител на инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски денеска најави ќе се зголемат контролите во однос на отпадот кој се создава низ градот.

    „Следува период во кој ќе бидат преземени сите мерки градот да заличи на метропола. Градскиот инспекторат почнува со реорганизација во координација со општинските инспектори со кои ќе ги здружиме капацитетите и во иднина ќе бидат зголемени контролите во однос на отпадот кој се создава низ градот. Инспекторите ќе имаат на располагање два дронови и секој ден ќе биде снимена состојбата на терен. Апелираме сите нерегуларности да бидат пријавени во градскиот инспекторат“, рече Богдановски.

    Казните кои ќе им се пишуваат на граѓаните се предвидени со Законот за јавна чистота и се од 50 евра па нагоре во зависност од отпадот што се фрла.

    Од ЈП „Комунална хигиена“ најавија дека граѓаните секој ден од 7 до 19 часот кабастиот отпад бесплатно ќе може да го депонираат во пунктовите на претпријатието.

    „Сега на терен имаме проблеми со кабаст отпад со кој се преполнети контејнерите и затоа во нив нема место да се фрла ѓубрето од домаќинствата или пак просторот околу контејнерите е затрупан со кревети, мебел, електрични апарати. Апелирам граѓаните да ги почитуваат правилата за одлагање на комунален отпад, а кабастиот отпад да го носат во рециклажните дворови во Карпош и во вардариште или во претоварната станица во Шуто Оризари“, рече директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

    Доколку граѓаните немаат начин со сопствен превоз да го депонираат кабастиот отпад во центрите, можат да се јават во ЈП „Комунална хигиена“ каде може да побараат возила од нивниот дом да го подигне за што се наплатува 830 денари.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари